Мицкоски за Јакимовски: Не комуницираме од пред Нова Година, ги отфрлувам обвинувањата и навредите

by Fokus

Откако старо-новиот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска излезе и кажа дека завршува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, со свој став подоцна излезе и првиот човек на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски.

„Со Јакимовски од поодамна не сум во комуникација, уште од пред Нова година, ги отфрлувам навредите и обвинувањата и доколку има такви индиции, истите да ги пријави во соодветна институција,  Што се однесува во делот на напуштање на коалицијата, тој е долги години во политиката јас му посакувам среќа успех понатаму во животот се надевам дека одлуката што ја донесе мисли дека е исправна и дека таа ќе му донесе некаков политички би рекол ете подобар комфор.

Бидејќи како што го слушнав во изјавата тој вели дека некој му вршел тортура, изживување и не знам уште што се не кажа, а луѓето кои што ме познаваат вклучително и тој знам дека тоа не го мисли бидејќи јас сум се, само не сум таков човек. Со еден збор му посакувам среќа во понатамошната политичката кариера, истакна Мицкоски.

 

 

 

Поврзани новости