Мицкоски промовираше нова стратегија: Македонија за сите луѓе

by fokus

„Македонија за сите луѓе“ е новата политичка стратегија и новото кредо со кое продолжување, изјави предмалку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид, на прославата на 31-от партиски роденден.

-Тоа е новата политичка стратегија, светоглед со кој ќе дејствуваме, силата која ќе ги обедини сите искрени и чесни граѓани кои ја сакаат Македонија и животот го гледаат овде. Време е да зборуваме за иднината, да се крене земјава од оваа национална и економска девастација. Македонија на е на касти, клики и слоеви, туку на сите македонски граѓани – рече Мицкоски.

Тој посочи дека опозициската партија и визуелно се ребрендира со дополнителни бои покрај оние што ги носи ДПМНЕ и на државата – црвена, жолта и црна.

-Да се обединиме и да си подадеме рака сите кои своите идеали ги наоѓаат во десниот спектар. Ако тие се здружат, нема кој да ги победи – изјави Мицкоски, додавајќи дека нивната цел е економски развиена државата, која ќе биде членка на Европската унија.

За време не неговиот говор, тој упати низа критики кон владата и премиерот Зоран Заев, истакнувајќи дека власта е неспособна и корумпирана.

Поврзани новости