Бугарија не попушта за Македонија

by fokus

Условите за одржување меѓувладина конференција со Северна Македонија не се исполнети, соопшти денеска бугарското Министерство за надворешни работи, еден ден пред посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Софија.

Во соопштението се наведува дека позицијата на Бугарија во однос на евроинтеграцијата на Македонија останува непроменета, но дека соседната држава останува отворена за дијалог.

Како што се посочува, Советот на министри ја одобри позицијата на Бугарија да учествува на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, што ќе се одржи на 22 јуни во Луксембург.

Бугарското МНР нагласува дека позицијата во однос на рамката за преговори за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија останува непроменета.

Рамката за преговори, како што се наведува, треба да ги содржи потребните гаранции во врска со спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, кои во моментов не се исполнети.

Поврзани новости