Мицкоски прогласи победа: Ви благодарам народе на Македонија!

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва преку статус на Фејсбук објави дека неговата партија победила на локалните избори.

-Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина. Победа и голема одговорност! Ви благодарам народе на Македонија!, напиша Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ објави дека води во скоро сите скопски општини, а и во поголемите градови.

Поврзани новости