Мицкоски го обвини лидерот на Интегра дека има финансиска поддршка од друга партија

by fokus

При денешната прес конференција на која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги претстави поранешните функционери на Интегра кои преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, тој го обвини лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски дека добивал финансиска поддршка од друга партија, за да делува на начинот на кој делува.

Мицкоски ова го кажа одговарајќи на прашањето зошто ова окрупнување на опозицијата не се случи пред изборите. туку се случува сега. Тој спомена и возило од 35-40 илјади евра кое Интегра го добила во изборната кампања.

Поврзани новости