Интегра: Никакви раководни структури не преминуваат во ДП*НЕ, тоа е болна желба во умовите на удбашки структури

by fokus
Никакви раководни структури не преминуваат во ДП*НЕ, тоа е болна желба во умовите на удбашки структури кај нив, реагираат од Интегра откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека раководни структури од Интегра преминуваат во нивната партија.
-По изборите е спроведена идеолошка диференцијација во тимовите, минатиот месец со едногласна одлука на Претседателството разрешен е Воислав Зафировски од сите раководни позиции во партијата поради преминат праг на морална грешка, а во меѓусебен договор двајца носители на листа си поднесоа оставка.
Сите други им беше оставено време и демократска можност да одлучат дали ќе продолжат на патот на самостоен настап на ИНТЕГРА во периодот пред нас или ќе се повлечат од понатамошни активности во партијата.
ИНТЕГРА беше под специјална војна на одметнати удбашки структури за време на изборите, а која не застана и потоа. Беа спроведени три операции ‘Понтиј Пилат’, ‘Понтонски мост’ и Ашовиот експеримент, а со цел да се стави под контрола лидерот Љупчо Ристовски и партијата да премине и продолжи приклонета, да одработува за ‘туѓи бели дворови’.
ДП*НЕ во својата немоќ да се поврати од пропаста, прибегнува кон подли методи на клиентелистички поткуп, уцени и закани кон лидерството на ИНТЕГРА, свесни дека како партија и идеологија го губат тлото под нозете и дека ИНТЕГРА го презема приматот во опозицијата врз македонските национални интереси.
Лидерството на ИНТЕГРА е монолитно, единствено, сплотено и поревносно од било кога во намерите да го задржи независниот стратегиски правец на политичката сцена и да ја продожи борбата против црно-белата погубна политичка карта во Македонија, се вели во демантот.

Поврзани новости