Митрополитот Петар ги освети темелите, а фолк естрадата ќе пее за доизградба на манастирот во Ропотово

by fokus

Во Прилеп ќе се одржи голем хуманитарен концерт на кој ќе настапи дел од фолк естрадата, со цел да се соберат средства за доизградба на манастирот Свети Атанасие во село Ропотово.

Темелите за изградбата на манастирот во чест на Свети Атанасиј Велики беа осветени од Митрополитот Петар во октомври 2016 година. Концертот ќе се случува во дворот на Основното Училиште Ѓорче Петров со почеток од 18 часот на 17-ти јуни.

Пред присутните ќе настапат Јордан Митев, Ирена Спасовска, Сања Ристеска, Спасен Сиљаноски, Снеже Радичевска, Дамјан Стојаноски, Далибор Ѓошиќ, Оливер Лозаноски, групата Маестрал и други. Влезниците ќе бидат 100 денари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости