Премиерот Заев им го честиташе крајот на учебната година на учениците и наставниците

by fokus

Учениците и средношколците во Македонија денеска за последен пат седнаа во училишните клупи за оваа учебна година. Од денеска, тие заминуваат на тримесечен летен распуст.

Премиерот Зоран Заев, преку својот Фејсбук профил им го честиташе крајот на школската година.

„На сите ученици, на наставниците и родителите им го честитам крајот на оваа школска година.

Оценките се важни, но стекнатото знаење е уште поважно, особено ако тоа знаење во иднина ви помогне да ги препознавате и да ги решавате прашањата со кои ќе се соочувате во животот.

На сите оние кои ја завршија деветтолетката, како и на сите матуранти, им посакувам натамошни успеси во следните фази на образование и во животот.

Пред сите вас сега стои заслужениот летен одмор. Одморете се, забавувајте се, и соберете сили за новите есенски школски предизвици“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Поврзани новости