Министерство за одбрана: Дисциплинската постапка против Богојески е во тек

by fokus

Министерството за одбрана ја демантира изјавата на Петар Богојески дека дисциплинската постапка против него е повлечена, која тој ја даде утринава за Фокус.

Од Министерството велат дека постапката е во тек, а предлогот за покренување на дисциплинска постапка за сторен дисциплински престап е веќе потпишан и пратен до државниот советник Петар Богојески.

-Дисциплинската постапка во Министерството за одбрана е во тек, а предлогот за покренување на дисциплинска постапка за сторен дисциплински престап на административен службеник е веќе потпишан и пратен до државниот советник Петар Богојески. Постапката за утврдување на дисциплинска одговорност за јавните настапи на Петар Богојески е покрената врз основа на Законот за административни службеници, Кодексот за административни службеници и Етичкиот кодекс на вработените во МО и Армијата. Министерството за одбрана не толерира било каква форма на дискриминација а административните службеници во јавните настапи на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација, треба да претставуваат пример за соодветно и достоинствено однесување, велат од Министерството за одбрана.

К.С.Б.

Поврзани новости