Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одлучат дали ќе поднесат кривична против Адеми

by fokus

Пратеникот Антонијо Милошоски по денешниот инцидент во кој пратеникот Арбр Адеми почна да фрла со предмети по пратениците, рече дека Адеми почнал насилно да се однесува кога тие сакале да се разговара за заклучоците на Европскиот совет од Брисел.

-По утрешната координација со нашата пратеничка група ќе видиме дали да поднесеме кривична пријава. Ќе консултираме и повешти во таа област. Според она што се случи со Џафери и Етичкиот кодекст, таа недопирливост е причина што си го дозволуваат ова, рече Милошоски.

Тој додаде дека Адеми се расекол кога го кинел уредот за говорење, а со филџанот го погодил Елми Азири од Алијанса за Албанците.

Поврзани новости