Мијалков во СЈО барал увид во доказите и се жалел од новинарите

by fokus 17:01
17:01

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вчера додека два часа беше на распит во Специјалното јавно обвинителство, како осомничен во случајот „Тортура“, најпрвин барал увид во доказите, јавува Телма, повикувајќи се на извори од СЈО.

Според телевизијата, Мијалков реагирали и на новинарското присуство пред СЈО и прашувал зошто дошле новинарите да го снимаат. Тој, пак, не прашал зошто истражител на СЈО неодамна бил пред неговата куќа и ја фотографирал.

- Advertisements -

Мијалков е првоосомничен во случајот „Тортура“, поточно за сурово и нечовечко апсење на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Случајот „Тортура“, СЈО пред јавноста го презентираше на 28 март годинава.

Поврзани новости