ТВ Шења: 259 гласачи заведени на паркинг во Тетово

by fokus 15:59
15:59

ТВ Шења, анализирајќи го избирачкиот список, откри дека 259 гласачи се сместени на една иста адреса. На таа адреса, нема никаков објект, туку се работи за паркинг.

По објавувањето на конечниот избирачки список за кој членовите на ДИК, но и четирите најголеми партии рекоа дека е прочистен конечно од сомнителните гласачи, ТВ Шења открива скандалозен случај со гласачите во Тетово. На една иста адреса во овој град се евидентирани 259 гласачи. Сите се од различни семејства и имаат различни презимиња. Тие се евидентирани дека гласаат на едно исто избирачко место, а живеат на улицата Иво Лола Рибар број 0.

- Advertisements -

Екипата на ТВ Шења ја посети оваа адреса за да види за каков гигантен објект станува збор кој би ги собрал сите овие гласачи. Но на оваа адреса не нашле ниту зграда, ниту пак куќа, туку само празен паркинг.

Жителите од оваа улица во неформален разговор рекле  дека порано на ова место постоела стара куќа во која не живеел никој. Потоа во истата било сместено едно сиромашно семејство, но по извесно време куќата изгорела целосно. На истото местото подоцна е изграден паркинг. Дел од жителите кои при контролата на избирачкиот список многу пати го приметиле овој феномен , велат дека пред контролата за фиктивните гласачи на оваа адреса имало околу 150 лица.

Но, сето ова според, жителите, како што велат, не може да се аргументира, бројот на гласачите на оваа адреса по контролите направени од институциите, на место да се намали се зголемил на 259 гласачи.

Инаку, пријавувањето на десетици гласачи на една адреса во Скопје и други населени места беше главна причина партиите во Пржино да се согласат за нова методологија за прочистување на избирачкиот список, методологија која по се изгледа донесе 259 гласачи на оваа адреса без постоечки објект во Тетово.

Поврзани новости