Михајловиќ: Имам леукемија, ќе се соочам со болеста гледајќи ја во очи!

by fokus

Синиша Михајловиќ е сериозно болен и ќе мора да се повлече од кормилото на Болоња, ова го пренесе денешното издание на Кориeре дело Спорт.

Во текот на денот и тренерот на прес конференција ја информираше јавноста за својата здравствена состојба.

-Имав треска, која не ме спречи да одам на тренинг. Потоа отидов на преглед, па на уште еден тест, резултатот покажа дека имам леукемија, изјави Михајловиќ на прес конференцијата.

„Кога ја слушнав веста, беше тоа тежок удар за мене. Седев со денови и плачев. Живото тогаш ви поминува пред очи. Тоа не беа солзи на страв. Ја почитувам болеста ќе се соочам со неа храбро, гледајќи ја во очи. Како што секогаш правам. Со нетрпение чекам да одам во болница и да ја почнам битката. Болеста е агресивна но може да се победи. Има  го објаснив тоа и на моите фудбалери. Разговаравме преку линк имаше солзи, заклучи Михајловиќ.

Поврзани новости