Мечка слободно шета во Долно Дупени, мештаните бараат помош

by Fokus

Жителите на преспанското село Долно Дупени се во опасност од присуството на мечки кои веќе трет ден упаѓаат во селото и слободно се шета по селските сокаци.

„Три дена се бркам со мечката која се намерачила на мојот мед. Првата вечер успеав да ја избркам со камања. Втората пуштав гласно радио кај сандаците со мед но вчера вечер сепак успеа да ми искрши дваесетина сандаци“,  вели еден жител на селото Долно Дупени.

Тие побарале помош и од полицијата, која вчера вечер во обид да ја избркаат вклучиле ротациски светла, но таа не покажала дека е исплашена. Полицијата ги предупредила жителите на Долно Дупени да бидат внимателни и да се движат само на места во кои има поголема фрекфенција на луѓе во селото.

Според законските одредби ловот на мечки е трајно забранет, а мечките се заштитени со закон, па штетата што ќе ја причини дивечот ја надоместува Република Северна Македонија.  Според судската база на податоци Битола е рекордер по бројот на тужби и донесени одлуки со кои државата треба да плати отштета за штетите што ги прават мечките, затоа што се се дивеч заштитен со закон.

Поврзани новости