Десетина загинати во експлозија во магацин за огномет во Тајланд

by Fokus
Foto: AFP

Најмалку десетина лица загинаа, а над стотина се повредени во голема експлозија во магацин за огномет во јужен Тајланд, соопштија локалните власти.

Одделот за односи со јавност на провинцијата Наративат соопшти дека експлозијата погодила жители на повеќе од 200 домаќинства во радиус од околу 500 метри.

„Магацин во кој се чуваат петарди во Сунгаи Колок експлодира попладнево, последниот број е девет загинати и 115 повредени“, изјави гувернерот на Наративат, Санан Понгаксорн за новинската агенција АФП.

Се претпоставува дека под урнатините има уште затрупани луѓе.

Огромен облак чад има над областа и многу оштетени згради, автомобили, мотоцикли, а улиците се покриени со урнатини.

Гувернерот на провинцијата, Санан Понгаксорн, за јавниот радиодифузен сервис Таи ПБС изјави дека експлозијата најверојатно била предизвикана од градежни работи во складиштето и оти искри од заварување метал предизвикале палење и експлозија на петардите.

Поврзани новости