Марковски бара прием кај Спасовски: Како СДС дојде до наводи од истрагата поради која четири месеци бев во притвор?

by fokus
Докторот Вело Марковски кој од скоро е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва на Фејсбук праша на кого му пречи науката и посочи дека има обиди за негова дискредитација.

-Два моменти сепак отидоа предалеку. Едниот е прес коференција (или јавно изнесен став) на портпарол на СДС (владеачка партија) во која изнесува многу наводи од една истрага која се води против мене. Изненаден сум како дошле тие податоци до него (или државата тоа сум јас…). За да не влијаам на истрагата јас поминав 4 месеци во притвор, сега таа истрага стана предмет на притисок и јавно споделување. Се надевам дека одделението за организиран криминал при Јавното обвинителство во најскоро време ќе одговори: како предметот стигнал до портпаролот; дозволиво ли е да се влијае на истрагата, ќе влијае ли јавниот притисок и притисокот од власта во понатамошниот тек на истрагата и врз евентуалното подигнување на обвинение и судски процес; ќе покрене ли обвинение против сите кои јавно изнесуваа податоци од предмет во истрага.

Вториот момент е: некои чудни совпаѓања и случувања вразани за мојата лича безбедност и безбедноста на моите најблиски. Не верувам дека во ек на најголемите медиумски напади и дискредитации во ист ден имам 4 пати прстигнување на две коли со странски регистрации на автопатот од Штип до Скопје. Престигнување, видливо тргање на крајна трета лента, па повторно престигнување за неколку километри и истата процедура 4 пати. Случајно истиот ден (пред два дена) насилно со отварање на прозор од тераса со штравигер (професионално) рано навечер да се влезе во мојот дом во кој во момнтот беа моето малолетно дете и мојата сопруга. Можеби е совпагање, но сум научил дека ретко има вакви случајности во животот. Останува полицијата да расчисти дали се работи за случајни настани и средби, обид за кражба или штази методи. Без разлика на резултатите едно е јасно, некој сака да ме исплаши или има сериозни намери со краен резултат: замолкување на науката, смета Марковски.

Тој вели дека ќе побара прием кај министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, бидејќи е загрижен за својата безбедност.

-Мојата безбедност е директно во рацете на министерот за внатрешни работи господинот Оливер Спасовски кој се покажа како човек кој во целост ја држи контролата и работата во МВР. Во услови на светска пандемија, со огромни економски последици, со 15 милјарди долари на ден потрошени пари во здравството во светот од кои најголемиот процент оди во некои фармацевтски компании, мислев дека министерот и/или безбедносните структури во државата по автоматизам ќе се потрудат да го заштитат својот лекар и професор кој има над 73 милиони прегледи на електронските медиуми.

Поради загриженост за безбедноста моја но пред се на моите најблиски ќе побарам прием кај министерот Оливер Спасовски за да ме убеди дека изнесувањето во јавност на моите сознанија за КОВИД-19 пандемијата нема да ја загрозат мојата безбедност и безбедноста на моите најблиски. До тогаш ги откажувам сите договорени интервјуа и/или емисии на тема за КОВИД-19 пандемијата, пишува Марковски.

Поврзани новости