Кривична пријава за обид за убиство против скопјанец кој ја претепал мајка си

by fokus

Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против В.С.(47) од Скопје, поради обид за убиство на неговата мајка.

На 21.02.2020 во семејниот дом, пријавениот ја нападнал својата мајка А.С. и ѝ нанел тешки телесни повреди, доведувајќи ѝ го животот во опасност.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и во координација со Јавен обвинител пријавениот бил лишен од слобода, спроведен и хоспитализиран во Јавната здравствена установа – Психијатриска болница – Скопје.

Поврзани новости