Малолетници фатени со марихуана завршија во полициска станица

by Fokus

Двајца малолетници од Карпош завршија во полициска станица откако биле фатени со марихуана, информираа од полицијата. Децата биле уапсени во попладневните часови во средата на територијата во Карпош. Станува збор за два засебни случаи.

Првиот малолетник бил уапсени во 13.30 часот, додека вториот во 17.40 часот.

„На 15.03.2023 во 13.30 часот на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. На 15.03.2023 во 17.40 часот на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и палка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

Поврзани новости