Малолетник нападнат со нож во Аеродром

by Fokus

Синоќа по полноќ малолетно момче било нападнато со нож од друг малолетник во трговски центар во Општина Аеродром, пренесуваат од МВР.

„На 05.03.2022 во 00.30 часот во Полициска станица Аеродором М.Б.(39) од Скопје пријавил дека на 04.03.2022 околу 23.00 часот  во трговски центар на подрачје на Аеродром неговиот малолетен син додека бил со уште три малолетници бил физички нападнат од друг малолетник, кој кај себе имал остар предмет и бил со други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости