Македонија остана без шанса за пласман на Европско 2024

by Fokus

Македонската фудбалска репрезентација попладнево загуби од Украина од 2:0 во Прага и го остана без шанси за пласман на Европското првенство.

Нашите фудбалери одиграа добар натпревар, но немаа среќа за поволен резултат.

Во првиот дел двете репрезентации имаа по две шанси. Столе Димитриевски во 12 минута брилијантно го одбрани ударот на Довбик. Седум минути подоцна капитенот на Македонија излезе како победник и во дуелот со Мудрик.

Украинците поведоа во 30 минута со голот на Судаков. Ударот на Судаков на патот до голот го закачи Серафимов и топката заврши во голот.

Македонија одговори преку Миовски во 36. и Ашковски во 37.минута не успеаја да го совладаат Трубин.
Украина имаше две добри шанси да го реши победникот во вториот дел. На самиот почеток, Довбик лошо шутираше, а потоа ударот на Метвијенко заврши во гредата.

Во овој период од играта Македонија имаше шанса преку Барди.

Украинците победата ја потврдија во 96.минута, кога Караваев го лобуваше истрчаниот Димитриевски.

Македонија остана на седум бода и ги загуби шансите за второто место. Украина е втора со 10 бода и два натпревари повеќе од Италија која има седум поени.

Поврзани новости