Македонец кривично ќе одговара оти го навредил Ердоган на Фејсбук

by fokus

Турската амбасада во Македонија бара основното обвинителство во земјава да поднесе кривична пријава против лицето Е. А. поради искажани навреди против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во писменото соопштение на Амбасадата на Република Турција се вели дека лицето Е.А, кој е државјанин и на Република Македонија и на Република Турција, преку својот профил на социјална мрежа користел изрази со кои им наштетил на угледот на Република Турција и на претседателот Ердоган.

Поради тоа што лицето користело „иронични, навредливи и несоодветни зборови, до овластениот обвинител во Република Македонија против него е поднесена кривична пријава.”

– Уверени сме дека лицето ќе ја добие заслужената казна. Оваа тужба е поднесена до вас со цел да ги предупредиме оние непромислени кои отсега натаму би направиле нешто слично – се вели во соопштението на амбасадата, а пренесува Анадолија.

Осомничениот македонски државјанин напишал дека никогаш не би го послужил Ердоган со чај.

Поврзани новости