Мајката на Боки 13 избрана за член на државната Комисија за слободен пристап до информации

by fokus

Јасминка Јовановска, мајка на сопственикот на 1тв, Бојан Јовановски во петокот на седница на Собранието е изгласана за нов член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации, пишува ИРЛ (Истражувачка репортерска лабараторија Македонија).

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој е и член на собраниската Комисија за избори и именувања, вели не знаел дека Јовановска е мајка на познатиот шоумен и сопственик на телевизијата 1ТВ, Бојан Јовановски, познат како Боки 13.

Според биографијата поднесена во Собранието, Јовановска работела како правник во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје. Од 1998 година е вработена во Министерство за труд и социјална политика на  работно место раководител на секторот за социјална заштита.

Според Законот за слободен пристап до информации, членовите на оваа комисија се бираат на предлог на Владата. Огласот за избор на заменик претседател и двајца члена Собранието го распишало на седница на 19 јануари. На огласот се пријавиле вкупно 7 кандидати, од кои Собранието донело одлука само Јовановска да биде избрана за член.

Поврзани новости