Почина уште едно бебе од морбили, трет случај за три дена

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, на Клиниката за детски болести почина уште едно 13-месечно бебе од тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили, информираа од Министерството за здравство. Бебето претходно не било вакцинирано.

„Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација.

Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен квалитет“, велат од МЗ.

Поврзани новости