Директорот на Државен завод за статистика: Политичко влијание за пописот нема да има

by fokus

Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, во интервју за Алсат-М верува дека пописот кој треба да се одржи наредната година, ќе помине без никакви политички влијанија.

„Попис во Македонија ќе мора да има. Не станува збор ниту за наша желба, ниту за било што друго. Има потреба од овие податоци. Политичкото влијание беше проблем во изминатиот попис. За овој попис сме насочени да се избегне било какво политичко влијание“, истакна Симовски.

Како што додаде тој, се настојува да не постои графа за етничката припадност на граѓаните. За разлика од неуспешниот попис во 2011 година, овој пат ќе учествува и дијаспората, односно лицата кои не се во земјава повеќе од една година.

Поврзани новости