Мајка пријавила шестгодишно дете за исчезнато – полицијата го нашла кај неговото другарче

by fokus

Мајка денеска пријавила во полиција дека нејзиниот шестгодишен син исчезнал на плоштадот Скендер бег во Скопје.

-Денеска (24.12.2023) околу 16 часот е пронајден шестгодишен малолетник, кој неколку часа пред тоа беше пријавен од неговата мајка дека се изгубил на плоштадот Скендер бег во Скопје. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје за пронаоѓање на детето, соопшти МВР.

Детето било најдено кај негово другарче во стан во истата зграда каде и тоа живее.

Поврзани новости