Гостиварец го пронашол мртов својот татко – по телото имал рани од животни

by fokus

Жител на гостиварското село Форино вчера го пронашол својот татко мртов, паднат на земја во близина на штала која ја користел.

-На 23.12.2023 во 14.20 часот Р.Е.(48) од с.Форино-гостиварско пријавил дека во нива во близина на штала која ја користел, го пронашол паднат на земја неговиот татко Џ.Е.(83) кој бил со повеќе рани по телото, најверојатно нанесени од животни. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, соппшти МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, а по насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Поврзани новости