Има тенденција за фалсификат на изборите преку ДИК, вели Меџити

by fokus

Се соочуваме со тенденција за фалсификат на изборите подготвена од господинот Џафери, изјави Изет Меџити од Европскиот сојуз за промени.

Според него, не може во Државната изборна комисија да има три члена од власта и три члена од опозицијата, односно во ДИК треба да има четири члена од опозицијата.

Откако лидерот на Беса, најави и протести, а Гаши напуштање на Собранието и негова блокада, денеска и предводникот на Демократското движење Меџити вели дека избори со 6-члена изборна комисија ќе бидат нелегитимни.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак најави дека ако опозицијата не го добие седмото столче во ДИК, партијата ќе ги повлече своите членови.

Инаку денеска, на плоштад „Скендербег“, Европскиот сојуз за промена ја отвори заедничката канцеларија на коалицијата.

На отворањето на канцеларијата учествуваа претседателите на трите партии: Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење, каде за прв пат и официјално се претстави и Движењето Самоопределување од Косово, со нејзиниот претставник, Беким Ќоку како дел од опозицискиот фронт.

Поврзани новости