Лудница во Турција, Галатасарај ја освои 23-та фудбалска шампионска титула

by Fokus

Турскиот фудбалски клуб Галатасарај вечерва ја победи екипата на Анкарагучу со 4:1 и ја освои 23-та титула во турската Суперлига.

Галатасарај поведе со голот на Мауро Икарди во 17. минута на асистенција на Милот Рашица.

По шест минути, Анкарагучу израмни кога Фелисио Милсон со левата нога ја уфрли топката во долниот агол.

Галатасарај повторно поведе кога Икарди постигна гол со глава во 38. минута на асистенција на Керем Актуркоглу.

Во 73. минута, Бариш Алпер Јилмаз ја испрати топката во мрежата откако во контранапад го дриблира голманот на Анкарагучу, Гохан Акан.

Крај на натпреварот стави Серхио Оливеира, кој во 79. минута погоди за Галатасарај за конечни 4:1.

Со оваа победа клубот од Истанбул ја освои првата титула во најголемата турска фудбалска лига од 2019 година.

Со собрани 82 бода во 34 натпревари, Галатасарај има пет бода повеќе од второпласираниот Фенербахче, на две кола пред крајот на шампионатот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му честиташе на Галатасарај за освоената титула во Суперлигата.

Поврзани новости