Лудиот напаѓач на деца во парк во Франција носел крст и молитвеник

by Fokus

Напаѓачот кој со нож нападна деца во парк во францускиот град Анеси, сириски бегалец, при апсењето изјавил дека е христијанин и дека со себе има крст и молитвеник, пренесоа француските медиуми. Откриено е и дека тој изјавил дека е христијанин кога го пополнувал барањето за азил во Шведска.

Еден од најгледаните новински канали во Франција, BFMTV, изјави дека на видеото, кое се појави по нападот, може да се види како Абделсамих Х. ја крева раката во воздух и зема нешто што го носи околу вратот, крст или медалјон, наводно извикувајќи на англиски „Во името на Исус Христос“.

Очевидци го виделе како талка низ паркот последните денови. Според првите информации тој не бил психијатриски пациент. Низ градот владеела паника, а штом се дознало што се случило, родителите почнале да ги напуштаат работните места и да трчаат кон своите домови и училишта за да бидат со своите деца.

Четири деца и двајца возрасни се тешко повредени. Две деца и еден возрасен се во животна опасност.

Екстремно десничарските партии во Франција повторија пораки против прифаќањето бегалци.

Поврзани новости