ЛП: Да се укинат активностите на електронските игри на среќа во населените места

by fokus

Либералната партија на Македонија остро ги осудува игрите на среќа, и дава целосна поддршка на Владата и Министерството за финансии да го следат примерот на Албанија и да направи измени во Законот на игри на среќа и забавни игри.

„Либералната партија ги охрабрува Владата и Министерството за финансии, по примерот на нашиот западен сосед Република Албанија да направи измени во Законот за игри на среќа и забавни игри. За таа цел потребно е да ги укине активностите на електронските игри на среќа (слот машини) во населените места.

Ваквите појави не одат во прилог на градење здрава нација и држава. Затоа бараме да се затворат сите казина и спортски обложувалници кои сега се наоѓаат во огромен број на главните улици низ градовите и селата во Македонија, и блиску до образовните институции. Предлагаме спортското обложување да се одвива само на интернет платформа, а казината да бидат достапни само во хотелите од висока категорија, или во зони на најмала оддалеченост од неколку километри од населените места“, велат од ЛП.

Поврзани новости