Шаторите на „Македонија блокира“ се украдени, велат од движењето откако беше отстранет кампот пред Собрание

by fokus

Од движењето „Македонија блокира“ велат дека шаторите кои беа поставени пред Собранието се украдени. Утринава без нивно знаење екипи на градското комунално претпријатие го отстранија кампот и го раскреваа шутот. Од „Единствена Македонија“ си ги бараат назад шаторите кои се во нивна сопственост и посочуваат дека уредно во полиција го пријавиле кампот до 31 декември годинава.

-Го пријавивме кампот до дочекот на Нова Година. Имавме разбирање и претходно ги поместивме шаторите на тротоарот и во паркот, за да не бидат на улица и да можат возилата слободно да се движат, да не страда народот и никому да не му сметаат. Од утринава шаторите ги нема. Поради тоа пријавивме кражба во полиција – велат од „Единствена Македонија“.

Од таму додаваат дека кампот бил отстранет по наредба на градските власти, а со асистенција на полицијата.

-Ако не ги вратат шаторите ќе тужиме за кражба. Освен тоа ќе дадеме наредба до сите општински комитети да се блокираат градовите, бетер ќе направиме, да видиме колку полицајци ќе ангажираат – додаваат од таму.

Поврзани новости