Лобистот на ВМРО-ДПМНЕ, Џејсон Мико е продуцент на филмот што ќе го снима газдата на порталите за лажни вести против Заев

by Fokus

Платениот американски лобист на ВМРО-ДПМНЕ Џејсон Мико е прoдуцент на документарецот што ќе го снима продуцентската куќа на Ѓорѓи Поп Ѓорѓиев, газдата на порталите за ширење лажни вести против Зоран Заев пред изборите лани на 11 декември. Овој документарец е поддржан со 130.000 евра од Агенцијата за филм на РМ, пишува СДК.МК

Како отворен лобист за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Американецот Џејсон Мико е почесен конзул на Македонија, а до затворањето на „Дневник“ беше редовен колумнист.

Поврзани новости