Лидија Паскова и Ориентал Бенд со хуман гест: Помеѓу нас живеат деца кои не виделе чоколада

by fokus 15:52
15:52

,,Во време на ајфони, има деца кои во животот не виделе чоколада, а тие деца се тука, помеѓу нас. Трогната сум од она што го видов, срцето ми се скрши од радоста на децата кога им дадовме новогодишни пакетчиња’’, во разговор за ,,Фокус’’ со растреперен глас раскажува некогаш поп, а денес фолк пејачката Лидија Паскова, која што се членовите на ,,Ориентал Бенд’’ беше во посета на ЈУ Специјален завод Демир Капија, и им подели пакетчиња на тамошните штитеници.

Во заводот живеат стотици деца со посебни потреби. Повеќето се постојано во кревет, и ретко кое од нив ја почувствувало новогодишната магија. Затоа Лидија, посакала да им донесе малку радост.

- Advertisements -

,,Не можам да го искажам со зборови тоа што го видов. Децата беа толку радосни за пакетчињата, им бевме херои на денот! Во нивните очи видов толку многу среќа! Денес, кога има семејства кои на своите деца им нудат цел мал свет исполнет со напредна технологија, постојат и деца кои што не знаат што се тоа чоколади и чипсови. Многу жални слики, болни дечиња заборавени од сите. Знам дека им го разубавевме денот, но е само еден ден, на овие деца им е потребна поголема грижа и внимание во текот на целата година. Апелирам до сите поголеми фирми да им помогнат. Поминаа два дена од мојата посета на заводот, јас се уште сум скршена од нивните судбини, и секако дека и во иднина, повторно ќе ги посетам’’ – вели Паскова.

Таа додава дека во време кога владее празнична еуфорија, не треба да се заборават оние кои што немаат никој близок покрај себе.

Вики Клинчарова

Поврзани новости