Левичарот Мелaншон клучен за исходот на француските избори

by Фокус

Лидерот на француската радикална левица Жан-Лук Меланшон, го освои третото место во првиот круг од претседателските избори во Франција, поради што се смета како еден од клучните фактори за исходот во вториот изборот круг, кога ќе се соочат Емануел Макрон и Марин Ле Пен.

Иако второпласираната Ле Пен изјави дека очекува поддршка во вториот круг од сите кои не гласале за Макрон во првиот круг, сепак, Меленшон порача:

„Не смееме да даваме никаков глас за Марин Ле Пен“.

Инаку, Макрон освои меѓу 28,6 и 29,7 отсто од гласовите, Ле Пен меѓу 23,5 и 24,7 проценти, додека Меланшон е трет со околу 20 отсто.

Кандидатот на екстремната десница, Ерик Земур, пак, кој освои 7 отсто од гласовите, ги повика своите гласачи да гласаат за Ле Пен во вториот круг.

-Имам многу несогласувања со Марин Ле Пен, но нејзиниот противник Макрон донесе два милиона имигранти и никогаш не ја спомна темата за националниот идентитет – им рече Земур на своите поддржувачи.

Поврзани новости