Лажеше дека има добри врски за продажба на воена опрема во Либан, па оштети белграѓанец за 27.500 евра

by irena 19:58
19:58

Зрењанинската полиција ја уапси Б.Н.(59) од местото Житиште (Војводина, Србија), која е осомничена за измама.

Се сомнева дека таа и С.Н.(49), кој веќе е во притвор, од март до август 2018 година, довеле во заблуда човек од Белград, лажно тврдејќи дека имаат добри контакти со безбедносните служби во Србија и деловни врски во Либан.

Му ветиле помош за продажба на полициска и воена опрема во Либан.

Како што се сомнева, во неколку наврати зеле стока и пари со вкупна вредност од 27.500 евра, а не ги исполниле ветените услуги.

На Б.Н. ѝ е одреден притвор до 48 часа и таа ќе биде изведена во Обвинителство со кривична пријава.

Слични вести