Убеди жена дека е жртва на магија, па и зема над 30.000 евра

by irena 20:14
20:14

Полицијата го уапси Н.Н.(31) од српскиот град Бачка Паланка под сомнение дека убедил жена од Ниш дека е жртва на магија, па потоа ѝ зел повеќе од 30.000 евра за наводно да ѝ помогне, беше објавено денес.

Тој е осомничен дека кон крајот на минатата година ја довел во заблуда 60-годишна жена од Ниш, од која, покрај еврата, зел и 96.000 динари, објави полицијата.

Тој е приведен до 48 часа и ќе биде изведен во Обвинителството со кривична пријава за измама.

Слични вести