Делови од неколку скопски општини без струја

by irena 07:00
07:00

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од скопските општини Илинден, Ѓорче Петров и Центар.

Во општина Илинден – Марино, во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без напојување ќе бидат корисниците на улица „1“ во населба Јака поради активности за пронаоѓање на нисконапонски кабел, изработка на спојка и монтажа на ново КРО како влез-излез.

Во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има кај дел од корисниците на улицата „Ванчо Мицков“.

Во општина Центар, пак, од 09:30 до 11:00 часот без струја ќе останат жителите на улица „Радњанска“ број 6.

Слични вести