Александар Вучиќ ужива голема доверба кај македонските граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, оцени Саша Богдановиќ, поранешниот градоначалник на скопската Општина Центар во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Според него, ваквиот однос е резултат на поддршката што Србија ѝ ја давала на Македонија во изминатите години, преку обезбедување вакцини, помош при гаснење пожари и други форми на соработка.
Богдановиќ го истакна и решавањето на црковниот спор како значаен момент во дополнителното зближување на двата народа.
Тој посочи дека позитивната политичка атмосфера придонела и за унапредување на економската соработка, зголемување на инвестициите и развој на туризмот.
Како една од заложбите на СДЛ ја најави дополнителната промоција на економските, културните и туристичките врски меѓу Македонија и Србија.