Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека е уапсен таткото на 17-годишниот ученик на Техничко училиште во Крагуевац, кој утрово пукаше и рани едно лице во тоа училиште. Тој, како што се вели, е уапсен за нелегално поседување оружје.
С. М. ќе биде задржан до 48 часа и тој, со кривична пријава, ќе биде однесен во надлежното обвинителство, додека седумнаесетгодишникот, по сослушувањето, ќе биде однесен кај малолетничкиот судија на Вишиот суд во Крагуевац.
Полициските службеници, велат оттаму, во соработка со надлежното обвинителство ги утврдуваат сите околности на настанот, а во тек се претреси на простории и собирање докази.
„Припадници на Министерството за внатрешни работи во Крагуевац, во соработка со Вишото јавно обвинителство во овој град, го уапсија С. М. (49) поради сомнение дека сторил кривично дело нелегално поседување и носење огнено оружје, муниција и експлозивни материјали, бидејќи се сомнева дека поседувал нелегално оружје, кое, како што се сомнева, утрово во Техничкото училиште во Крагуевац го употребил неговиот седумнаесетгодишен син, кој е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело тежок обид за убиство“, се наведува во соопштението.
.
Имено, околу 8 часот утрово до Полициската управа во Крагуевац е пријавено дека непознато лице со пушка влегло во училиштето и веднаш по пријавата се известени сите достапни полициски патроли.
Како што додаваат, на местото на настанот прва пристигнала патролата на интервентната единица, која во соработка со училишниот полицаец го лоцирала 17-годишниот осомничен и во рок од шест минути од првичната пријава, тој бил безбедно совладан, уапсен и било пронајдено оружјето.
(ВИДЕО) Пукање во училиште во Крагуевац – застрелана е хигиеничарка