Дел од Центар без вода

by irena 07:02
07:02

Поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм на улицата „Партениј Зографски“ број 85, со почеток од 09:00 часот без вода ќе останат дел од корисниците во скопската општина Центар, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што информираат од претпријатието, прекинот во водоснабдувањето ќе ги опфати корисниците на дел од улиците „Партениј Зографски“, „Ацо Караманов“ и „Периша Савелиќ“, а ќе трае сè до целосно отстранување на дефектот.

Слични вести