Лара стана бренд амбасадор

by fokus

Младата поп пејачка Лара Иванова, која беше помеѓу шесте кандидати во трката за наш евровизиски претставник, деновиве стана бренд амбасадор.

Таа е новото заштитно лице на онлајн кампањата на Минисо Македонија. Станува збор за продажен бренд за разни производи, од нега, до играчки и електронски апарати.

Лара и стана препознатлива на публиката во 2019 година, кога настапи на фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест” и за кратко време стана миленичка на помладите генерации.

На домашниот избор на песна за Евровизија настапи со песната ,,Цвеќе на тагата”. Ја отпеа на англиски јазик, а сними и македонска верзија.

И покрај позитивните коментари на социјалните мрежи и пофалбите за емотивната балада, сепак не освои доволно поени за да ја претставува земјата на Евровизија во Италија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости