Лајчак: Загрижен сум по она што го слушнав во Косово, да се избегне секаква можност за ескалација на состојбата

by Fokus

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, вели дека бил загрижен од она што го слушнал за време на неговата посета на северот на Косово и рече дека е неопходно да се избегне каква било можност за ескалација и целосно да се фокусираат на нормализација на односите

Лајчак, кој вчера беше во Косово, на Твитер напиша дека му е важно повторно да го посети северот на Косово и да разговара со различни соговорници за да добие впечаток од прва рака за моменталната ситуација.

„Она што го слушнав ме загрижи. Мораме да избегнеме секаква можност за ескалација и целосно да се фокусираме на нормализација“,  рече Лајчак.

Претставници на Српската листа синоќа во Косовска Митровица разговарале со Лајчак за политичко безбедносната состојба на Косово.

Поврзани новости