Јутјуберот од САД кој намерно урна авион може да заврши во затвор

by Fokus

Тревор Џејкоб (29) кој објави видеото од авионската несреќа на Јутјуб во декември 2021 година, навестувајќи дека се работи за несреќа, можно е да заврши во затвор. Неговото видео досега има над 2,9 милиони прегледи, пишува Би-би-си.

Во договорот за признавање вина, тој рече дека го снимил видеото како дел од договор за спонзорство на производ. Џејкоб може да добие затворска казна до 20 години.

Тој е пилот и скокач од падобран во договор со обвинителството се согласи да се изјасни за виновен за кривично дело уништување и прикривање со намера да ја попречи федералната истрага, се вели во соопштението на американското Министерство за правда.

Во ноември 2021 година, Џејкоб го напушти аеродромот во Санта Барбара, Калифорнија со соло лет со камери поставени на неговиот авион. Заедно со камерите, Џејкоб со себе зел и падобран, како и стап за селфи.

„Тој немал намера да стигне до својата дестинација, туку планирал да се отфрли од својот авион за време на летот и да се снима како тој со падобран се спушта на земјата и неговиот авион додека се спушта и се урива“, соопшти американското обвинителство за Централниот округ на Калифорнија.

Авионот се урна во Националната шума Лос Падрес 35 минути по полетувањето. Тој пешачеше до местото и ја зел снимката.

Тој ја пријавил несреќата до Националниот одбор за безбедност на транспортот, и рекол е одговорен за зачувување на остатоците. Според договорот со обвинителството Џејкоб подоцна тврдел дека не ја знаел локацијата на урнатиот авион.

“Тој го урнал авионот и се вратил со хеликоптер и ги обезбедил и извадил остатоците, кои подоцна ги уништил“, се вели во соопштението.

Се очекува Џејкоб да го има своето првично појавување на суд во наредните недели. Лани му беше одземена пилотската дозвола.

Поврзани новости