Кражби по бутиците, фатени тројца скопјани кои ги ваделе алармите на облеката во гардеробери

by fokus

Против тројца скопјани на возраст помеѓу 22 и 27 години е поднесена кривична пријава за сторена тешка кражба. Имено, тројката оперирала по продавници за спортска облека и бутици низ Скопје, каде извршиле вкупно 18 тешки кражби.

„Пријавените, според документираните сознанија, во периодот од 26.11. минатата до 21.01. оваа година во продавници за спортска облека и опрема, како и други бутици на подрачје на Скопје, од штандовите одзеле повеќе парчиња облека, потоа влегувале во гардероберите и насилно ги демонтирале алармните уреди-бипери, по што ја сокривале облеката и без да бидат забележани излегувале од продавниците. На ваков начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 50.000 денари“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости