450
Триесет и шест годишниот штипјанец И.А. вчера попладне во дворот на средното општинско училиште во Штип ги соблекол панталоните и повикувал кон него четири малолетнички.
Како што соопштија од МВР, тој бил приведен во Полициската станица Штип, каде во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање.
Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за „задоволување полови страсти пред друг“.