Кратка биографија на в.д. директорка на Државниот управен инспекторат,Фаница Николовска

by fokus

Новоименуваната в.д. директорка на Државниот управен инспекторат, Фаница Николовска е дипломирана правничка, родена 12.08.1978 година, во Тетово.

Својата професионална кариера Николовска ја гради како службеник во Генералниот секретаријат на Влада од 2006 до 2011 година, потоа до 2012 работи во Министерството за информатично општество и администрација, а до моментот на именување работи во Државниот управен инспекторат.

Има посетувано бројни семинари и курсеви од областа на правото меѓу кои: „Работилница за имплементација на Закон за вработени во јавниот сектор, Закон за административни службеници и Закон за инспекцискинадзор“, „Стручната обука за запознавање со новините во Законот за инспекциски надзор и соодветните подзаконски акти, новините во Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, новините во прописите за канцелариското работење“ и други и поседува бројни познавања во областа на застапување на судски спорови, прописи од областа на управнапостапка, инспекциска постапка, управни спорови и нивна примена во пракса.

Поврзани новости