Кој е Дарко Каевски, новиот в.д. директор на Агенцијата за млади и спорт?

by fokus

Новоименуваниот в.д.  директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски е дипломиран економист, роден 09.11.1989 во Скопје.

Неговиот долгогодишен активизам за правата на младите во Македонија значително придонесува кон развој на младинската критичка мисла и кон промоција на младинското учество во решавањето на проблемите на државата.

Учествува на неколку форуми и тренинзи во организација на светски познати институти како што се, ИРИ – Интернационалниот Републикански Институт, Моментум од Велика Британија, Фридрих Еберт од Германија, кадешто професионално се надградува и разменува знаења и искуства поврзани со младинските политики.

Од 2014 година како потпретседател на СДММ, Дарко Каевски ја застапува oорганизацијата како полноправен член во рамки на Националниот Младински Совет на Македонија.

Каевски остварува значаен придонес во јакнењето на соработката помеѓу младите луѓе од Македонија и Кина за што добива сертификат од највисока чест од кинеската дипломатија.

Како млад економист Каевски ја започнува својата кариера во 2012 година со работа во геодетско друштво.

Во 2013 година тој е избран за член на Советот на општина КиселаВода и воедно назначен за претседател на Комисијата за локален економски развој со што директно учествува во носењето на важни одлуки за граѓаните поврзани со капитални инвестиции во општина Кисела Вода.

Поврзани новости