Ново именуваниот в.д. директор на Државниот архив на Р.Македонија, Кирил Петров е дипломиран правник и адвокат, роден 31.01.1953 година.
Како истакнат правник и адвокат Кирил Петров своето професионално работно искуство го гради во неколку познати претпријатија.
Во периодот од 1982 до 1990 година работи како правник во „Технометал Вардар извоз-увоз АД“, за надворешен и внатрешен промет, а во периодот од 1990 до 1994 година работи како управител на претпријатието за надворешен и внатрешен промет на големо и мало „ ЈИК“ извоз-увоз.
Подоцна,од 1994 до 2001 година е управител во „Конекском извоз-увоз“.
Во 2005 година е ангажиран како асистент во Италијанската амбасада каде што работи се до февруари, 2007 година.
Има положено правосуден испит и испит за извршители и добро ги познава англискиот, српскиот и италијанскиот јазик.