Коѕијас: На Нимиц строго му потенцирав дека не е надлежен да говори која е политиката на Атина

by fokus

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, во однос на тоа што му кажал и што точно му порачал на медијаторот на ОН Метју Нимиц, во телефонскиот разговор по враќањето од Скопје изјави дека јасно и строго му потенцирал дека  не е надлежен да говори која е политиката на Атина, ниту да ја опишува, и тоа на погрешен начин.

-Имав долг разговор со личниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации, со господинот Нимиц, кој се врати од Скопје. Јасно и строго му потенцирав дека не е надлежен да говори која е политиката на Атина, ниту да ја опишува, и тоа на погрешен начин – соопштува Никос Коѕијас и додава дека преговорите треба да се водат врз основа на она што било договорено во Давос, но и врз основа на ставовите што се поклопуваат. Врз основа на брифингот што го имав за разговорите што ги имаше господинот Нимиц во Скопје, разјаснив дека преговорите не можат да се водат поинаку освен во продолжение на договореното во Давос. Покрај тоа, секои добронамерни преговори се водат врз база на конвергенциите што веќе се постигнати, пишува во соопштението од шефот на грчката дипломатија.

Поврзани новости