Нимиц за грчки медиум: Прашањето за иденитетот е многу важно за вашите соседи, преговорите се за името

by fokus

Мислам дека прашањето за идентитетот е многу важна тема за вашиот северниот сосед, а преговорите се водат за името на државата, вели медијаторот Метју Нимиц, во интервју за Euronews на грчки јазик.

– Прашањата за кои што се преговара се поврзани со името на државата. Името на државата, решавањето на ова прашање за името на државата, не треба да влијае на идентитетот на граѓаните. Јас верувам дека е можно решение кое ќе биде задоволително и за двете земји, вели Нимиц во интервјуто.

Во однос на написите во медиумите за ГорнаМакедонија и НоваМакедонија како прифатливи решенија за Атина и Скопје соодветно, медијаторот, како што јавува дописникот на МИА од Атина, вели дека и тој ги прочитал овие текстови и коментари, но објаснува дека разговорите сѐ уште се водат за прашањето за одредницата.

– Раководствата сѐ уште дискутираат за прашањето за одредницата и која би била најдобра. Вистина е дека во мојот предлог постојат пет опции. Исто така реков дека  овие пет предлози не исклучуваат можност другите страни да достават идеи, вели Нимиц.

Поврзани новости